Jan 26, 2017, 11:55 PM

Не буди ме 

  Poetry » Love
395 0 4

Не буди ме среде најубавиот сон,
среде благиот акцент на твоите очи,
среде срцето, преморено од силни емоции.
Не буди ме среде најубавиот сон,
во светот на глувите нема музика,
во светот на слепите нема светлина,
во светот на затворените нема слобода,
во светот на студените ја нема љубовта –
мојата генерација, време, иднина.
Не, не буди ме
само запамети –
беше еднаш, еден убав сон.

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??