Feb 3, 2017, 10:48 PM

Патувам 

  Poetry » Phylosophy
344 0 0

Патувам со ветер во косата
со надеж голема колку коцка шеќер
со мали немири што во секое време
ќе ги победам
патувам со ветер во облеката 
запознавам несреќни луѓе 
чии имиња звучат убаво
среќавам фригидни жени 
со магнетна привлечност
гледам мртва природа 
што чека да оживее
и од ден на ден патот се менува 
затоа што ова наше време е само невреме, 
носталгија и непребол. 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??