2 nov 2017, 19:03

другите си одат, јас заминувам 

  Poesía
240 2 2

Другите си одат

а јас заминувам

и зад себе оставам празно место.

Кога блискоста пречи

а далечината убива

во една голтка

го пијам очајот

го будам демонот во себе

и бегам во улицата на чадорите.

Мојата мисла не греши

на патот кон вистината.

Другите си одат

а јас заминувам

за да некогаш се вратам.

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??