Велики Петок
и голем празник
сеќавање дека сепак ми фалиш
во обичниот град
поплава од мисли
се потпира на мене
а Морача има три фини нијанси
во мене само две
омраза и љубов
и тенка жица меѓу нив
толку многу фалиш
што облаците со кофи
истураат дожд
за да не одам по еднонасочен пат
од љубов кон омраза.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados