23 abr 2021, 14:56

Множење на среќата 

  Poesía » Filosófica
438 0 0

Во долината

видов неоседлани коњи

со сребен сјај на гривите

и со двоглед го доближив

растојанието

меѓу два бакнежи.

Видов дека сакаат да ме грабнат

слугинки, слуги, господари,

и оттогаш носам белег на срцето.

Но, штом ќе ја сретнам среќата

ја множам со сто.

 

 

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??