24 sept 2017, 0:54

На другата страна 

  Poesía » De amor
284 1 1

Не сакај ме напразно
денес мојата гордост
е на половина копје
со изгаснати ѕвезди
и минијатурни сонца
не сакај ме залудно
не штити ме од зло
не влегувај во мојот лажен свет
затвори ми ја вратата
силно тресни ја
не сум за тебе
секогаш ќе бидам на другата страна.
 

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??