23 may 2021, 22:30

Ненајавена 

  Poesía » De amor
354 2 2

Ќе ти дојдам ненајавена

како судбина

што неизбежно те чека.

 

Ќе ти се вратам

како стара навика

од која бегаш.

 

Со остар меч

ќе ги тргнам

резбите од мраз

сраснати со твојата душа.

 

Твојот син се раѓа

со виолетови мисли

и цената на среќниот ден

екстремно брзо расте.

 

Ќе се нарекувам

така како што сакам

тогаш кога љубов крадам

Ненајавена!

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??