Афродита,
правиш кантон од песни
и со допир ја подмладуваш перницата
да не носи брчки на темето.
Наметката од убави зборови
ја фрлаш што подалеку од себе
а потоа го земаш
словото на обичните луѓе.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados