7 may 2021, 17:04

Редење на слики 

  Poesía » Filosófica
595 0 0

Пред да ја напишам песната

направив обиколка на сите празни куќи

и случајно потпирајќи се на едно дрво

запалив светло во улицата.

 

Веќе не сум дете

носам чевли број 38,

со нив ти го сечам патот

каде планираш да одиш,

а на тротоарот никне мов.

 

Ми се допаѓа кога молчиш

на сите мои пакости,

оти ме сакаш мене

и моето вешто редење на слики.

 

 

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??