18 abr 2021, 13:55

Трчање по ветерници 

  Poesía » Filosófica
311 0 0

Таму сабјата ја сече наведнатата глава по сто пати

овде работникот не јаде од златна лажичка.


Таму зборот натоварен со емоции сите ги следи

овде на Ескими продаваме мраз.


Кај нас просекот во безбедна зона

просторот со насмевка го затвора.


Кај другите ноќта е бесконечна

додека часовникот на ѕидот

ја одржува во живот.

 

Три децении висам на конец

а ѕвездите со јаже

се спуштаат во моите зеници.

 

Ќе трчам по ветерници

колку и да се поместуваат,

за да им оставам камени песни

на тепихот од провев.

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??