Убаво беше таму каде бев
иако се враќав назад
со стражарите твои
и чекав вкусот на првите јагоди
да остане долго на усните
убаво е
и таму каде не бев
и затоа
со погледот свртен кон тебе
ти ги продавам сите сочни зборови
ти верувај во љубов
а јас ќе патувам
прекрасно е таму каде сакам да бидам.
© Sanja Atanasovska Все права защищены