Зелените птици
застануваат на дрвената клупа.
Се завиткувам во нови наслови.
Душата ми е бастион на ултиматуми.
Заедно со една изгубена ноќна светулка
се креваме во лет
високо над покривите.
Гледаме кон рајските градини
и сме соучесници во сите постоечки тајни,
а на грбот ми тежи железна бајка.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени