Oд твоето лице
го читам она
што не сакам да го слушнам.
Го гледам животот во бројки
низ еден скршен прозорец
и чувствувам дека лоши вести
патуваат кон мене.
Некого љубовта ќе спаси
а мене ќе ме убие.
Јас сум пепел што црнее
и страст што гори.
На мојот пат има канонада од молитви
за љубов што умира.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени