Луѓето носат оган и прав во очите
и безпоштедно се китат со туѓи перја
а ние ќе си одиме кога сакаме
ќе заминеме
кога ќе ни здодее дождот од несакани зборови
ќе се сопнуваме безброј пати на исти камења
и ќе дозволиме времето да ни биде учител
луѓето носат оган и прав во очите
а ние правиме грешки што лесно се поправаат.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени