Ја градиш
куќата на желбите
многу високо
и така станува невидлива.
Правиш фигури од песок навечер
и ги фрлаш во реката наутро.
После неверство
вазната ја лепиш грижливо,
а таа не дотрајува,
соседите знаат за вазната!
Афродита,
зошто би се венчала на студ
кога и онака постои лето?
© Sanja Atanasovska Всички права запазени