1.11.2017 г., 14:03 ч.

кога денот ми е лош 

  Поезия » Философска
269 0 2
Кога денот ми е лош
и цвеќето во вазната
ми ја колве надежта.
Животот ме носи во својата празна прегратка
за нас остануваат тешките камења
ќе ги тркаламе додека сме живи.
Кога денот ми е лош
луѓето се огледуваат во матни огледала
поезијата ми е без емоција
а во мојата туѓа земја
се заборава химната на добрите луѓе.

Искате да прочетете повече?

Присъединете се към нашата общност, за да получите пълен достъп до всички произведения и функции.

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Предложения
: ??:??