Во новата соба
херметички затворена
една слика го искривува ѕидот.
Внатре обетките ми тежат
и ја изместуваат рамнотежата.
На полицата има два часовници
на кои им нема спас од здодевност.
Десетина зачини чекаат гурмани,
додека вкусот им ветрее.
Во новата соба
невидлив поет
инспирацијата ја остава на чингел.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени