Доцна во ноќта
си ги средувам мислите
додека времето само порамнува сметки
а црните птици носат лоши вести.
Вистината се бори за поглед во височина
и џабе ми се сончеви чекори
кога сум закотвена во море со несреќни судбини.
Ќе зборувам со молчење
додека не ме разберат сите.
Сакам да бидам вечна љубов
а не чудо
затоа што во чуда сите се сомневаат.
Си ги цртам мислите
пишувам со рането срце
се среќавам со својата смрт
овој пат и двете сме без шминка
и не, не се плашам од патот кој мора да се мине.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени