SanjaMKD
290 резултата
Очите се налутија
ја сронија последната солза за тебе
таа се растече по кремастобелата подлога
која со годините ја губи
убавината, свежината, влажноста ...
  278 
Водената прашина
му се противи на храбриот чекор
на оној што се движи по црвен тепих
придружуван од познатиот „бумбаров лет“
чекор што нема да го одглумиш ...
  456 
Ти си свет без исток и запад
ти си погрешна диоптрија на сонцето
ти си сон што се остварува
апетит што расте
и амбиција што станува алчност ...
  297 
Ти го избрав најубавото годишно време
ти ја подарив најубавата градина
те засадив, ти расцуте
големото враќање на старата љубов
беше празник за душата ...
  212 
Падна мојата ѕвезда
кога липите го изгубија
сопствениот мирис
кога во пепелта на летото
гниеше здодевноста ...
  302 
Со книга закопај ме
да вревам во подземјето
мислејки на саканите
да ги протерувам лошите духови
што не бегаат од темјан ...
  303 
Јас сум големо сонце
еден ден ќе мораш да ми признаеш
ќе ги фрлам зраците
на сите острови, континенти,
на зимзелените борови иглички ...
  238 
Ја изгубив рамнотежата
на душата имав малку катран и гнев
бидејки се растури моето јато од бели птици
бидејки патем ги сретнав
добриот,лошиот и проклетиот ...
  298 
Кога музиката ќе биде здодевна
кога нема да имам сили за волшебно изразување
небото ќе се скрши
месечината ќе остане без дом
а ѕвездите ќе ги дочекам на тераса ...
  255 
Кога нарцисите ќе заспијат
невидлива летам во темнина
во средината каде сите се знаеме
во овој свет мал како кутија од кибрит
а моите драги пријатели без компас ...
  350 
Чекајќи се уништив
денот се преврте наопаку
во пустините дува неразумен ветар
ќе дојде среќата низ спореден влез
ќе чукне на прозорец ...
  283 
Успеав да те оставам
во некое минато свршено време
и да не треперам по твоето име
сега ја трошам скапата бела хартија
мастилото се истура ...
  310 
Ме викаш на другата страна
мислиш на мене
ми го подаваш малиот прст
а јас прибирам роса и калдрма
да направам клупа ...
  237 
Јас сум птица со гнездо на југ
кога пријателите ќе ме остават
нема да го скршиш мојот беспрекорен лет
кога очите ќе ми ги врзеш
ќе си го познам својот пат ...
  337 
Имам желба и сила за нешто повеќе
но го чекам вистинскиот момент
она време без стеги
од под перница извадено
од ѕвезди благословено ...
  261 
Ти го давам последниот свој бисер
затоа што ѓердан не ми остана
ниту поезија во суперлативи
сега ми фали раката на послабиот
и моќта на посилниот ...
  242 
Ќе бидам погрда од пепел
ако ти простам
ако ја фрлам наметката од моето лице
ако меѓу копјата на залезот
убавиот сон го продадам за лага ...
  325 
Истурив мастило врз твоите иницијали
затоа црвенеам како булка
ги отварам кафезите
ги ослободувам птиците
ги отфрлам стравовите ...
  322 
Јас сум стаклена жена
не удирај по моите надежи
ќе ги скршиш своите раце
ќе ја изгребеш текстурата на моето лице
ќе ме растажиш, ...
  258 
Кога до тебе се доближувам
невидливи завеси ме влечат назад
ќе поминат овие дебели зими
твоите убави зборови ќе пораснат
ќе бидат бројни фенери во ноќта ...
  337 
Паѓа ноќ
тонам во длабок сон
црни цветови растат во мојата душа
не заради тебе што си одиш
заради другите што остануваат во мојот живот ...
  250 
Кога си одам накај дома
попат облаци ме следат.
Далеку од мислите на лошите луѓе
правам град за тебе.
Ти си сакан човек ...
  262 
Ми се случи живот во темнина
темни очи во темна соба
најпосле темнината ме заведе
го оставив минатото да спие
во својата скршена колевка ...
  259 
Беше сакан, а несуден
сега си само добар пријател
ти што ја будиш пролетта во моите мисли
за тебе чувам сафири
кога другите ќе заминат ...
  266 
Твоето небо е моја хартија
таму горе некој друг пишува
за пофалба без награда
за ловоров венец
за луѓето што се како дрво без корен ...
  322 
Надоаѓаат реките
да ја однесат куќата што не е дом
ме уби со поглед неколку пати
и пак оживеав
овој пат нема спас ...
  265 
Луѓето во себе носат отров
во тој отров умира смртта
а јас те следам
и тогаш кога ти мене ме забораваш
кога во дел од секунда ...
  606 
Љубовта е приземјена во реалноста
на моето лице паѓа среќен дожд
децата го земаат овој лажен свет од хартија
го потопуваат во вода
за да го исчистат од немири ...
  260 
Полетај со сопствени крилја
на пуст остров
за да не бидеш во кожата
на себичниот човек
што ќе изгори ...
  290 
Не плаши се од крикот
на лошите луѓе
што ќе ги сронат твоите добри дела
и од планини со злато
ќе направат прашина ...
  234 
Кога не ме очекуваш
ќе дојдам
со десет различни имиња
со вишок од зборови
со хаику во зениците ...
  279 
Пред моите нозе лето
во моите раце зима
додека луѓето ги сечат
гранките на кои седат
а пеперутките што живеат еден ден ...
  347 
Мислеа дека сум невидлива жена
облечена во обичното.
Јас сум камен што зборува
што никого не сопнува
и тежи на македонска земја. ...
  274 
Еден ден ќе ме бараат
и нема да ме најдат
зборовите ќе бидат снегулки
под моите чевли
а сепак нема да го погазам ...
  305 
Другите си одат
а јас заминувам
и зад себе оставам празно место.
Кога блискоста пречи
а далечината убива ...
  242 
Кога денот ми е лош
и цвеќето во вазната
ми ја колве надежта.
Животот ме носи во својата празна прегратка
за нас остануваат тешките камења ...
  259 
Висат над нашите глави
имиња поткрепени со дела
венец на еден народ.
  331 
Кога одморам или уживам
луѓето мислат тага се населува во мене
ставам потпис и печат
строфата ја заклучувам
со резе од извичници ...
  335 
Јас сум пријател на непријателите
никнувам каде нема да ме посеат
пишувам кога другите не читаат
зборувам кога другите не слушаат
одам каде другите не биле ...
  324 
Пред мене и зад мене
молња од погледи
во очите на другите
сум творец на невозможното
ако ми купат мрак ...
  269 
Предложения
: ??:??