9.11.2017 г., 23:16 ч.

Тапија од животот 

  Поезия » Философска
235 0 0

Не плаши се од крикот

на лошите луѓе

што ќе ги сронат твоите добри дела

и од планини со злато

ќе направат прашина

тепих за своите неважни чекори

еден ден сите карти ќе бидат отворени

сите зборови ќе бидат кажани

ќе се разбереме со скршени погледи

и половични шепоти

еден ден предавниците ќе бидат предадени

и ќе си одиме секој по свој пат

со својата тапија од животот.

 

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари
Моля, влезте с профила си, за да може да коментирате и гласувате.
Предложения
: ??:??