SanjaMKD
295 el resultado
Кога денот ми е лош
и цвеќето во вазната
ми ја колве надежта.
Животот ме носи во својата празна прегратка
за нас остануваат тешките камења ...
  282 
Висат над нашите глави
имиња поткрепени со дела
венец на еден народ.
  351 
Кога одморам или уживам
луѓето мислат тага се населува во мене
ставам потпис и печат
строфата ја заклучувам
со резе од извичници ...
  358 
Јас сум пријател на непријателите
никнувам каде нема да ме посеат
пишувам кога другите не читаат
зборувам кога другите не слушаат
одам каде другите не биле ...
  359 
Пред мене и зад мене
молња од погледи
во очите на другите
сум творец на невозможното
ако ми купат мрак ...
  313 
Доцна во ноќта пишувам
повеќе за себе
помалку за другите,
а во рани зори ја доживувам својата катарза
таква сум јас ...
  332 
Завиткана во чаршаф од тишина
се качувам на лицето на залезот
не давам да заспие
вешто и брзо
му ги корнам трепките ...
  633 
Ти си мој
а јас не сум твоја
ова е реченица со иронија и болка
телепатски те повикувам
шестото сетило ...
  269 
После ова невреме
ќе ставам три точки
ќе направам мала пауза
нема да бројам родендени
ќе бидам своја на своето ...
  348 
Ми даваат подарок од време
за да го живеам по свое
за да го исполнувам со неброени денови
да ги поврзувам како алки
со графити од поезија ...
  378 
На исток се гаси мојата ѕвезда
во зима се збогувам со сенката што ме следи
и чувствата ги ставам во хипербола.
Почетокот беше надежен
крајот неизбежен ...
  348 
Луѓето носат оган и прав во очите
и безпоштедно се китат со туѓи перја
а ние ќе си одиме кога сакаме
ќе заминеме
кога ќе ни здодее дождот од несакани зборови ...
  352 
Ќе го видам своето попладне
пресечено како јаболко на два дела
и ставено во хибербола.
Некои луѓе
никогаш не сфатија зошто пишувам ...
  442 
Те поттиснав на сите фронтови
за да ти докажам
дека оној што се откажал од добрината
никогаш не бил добар.
Те сакав многу ...
  356 
Ми рекоа патот е долг
ми рекоа добро е да се лаже
го живеев својот сон
и никој веќе не ме поздравуваше
не најдов лек за мене ...
  376 
Не е лесно
со полумртва дланка
од провалија да излезам
да се растрчам
по дворот на баба ми ...
  1376 
Од другата страна на телефонот
го слушам сопствениот пулс
тоа е хаотична песна
огледало на денешницата
што ќе се распрска ...
  288 
Имам тешка задача
да те заборавам
откако ти ќе ме заборавиш
да ти продадам
илјада и една празна приказна ...
  309 
Летечки балони на небото оформуваат триаголник
им ја предавам својата гордост
во ѕвездена кочија ќе стигнат
пораките што ти ги упатив
напишани се со кинеско писмо ...
  407 
Со магливи букви
наредив цел баталјон реченици
на фронт те испратив
хиерархија измислив
на врвот те поставив ...
  426 
На моите раце се бришат прстени од пепел.
Јас сум дете на црквата
извирам од еден поток.
Додека трчам по добро
злото ми е зад петици ...
  374 
Животот ме дроби
како стакло во своите раце.
Имам планови за време,
а немам тло
каде да ги пуштам своите чекори. ...
  324 
Отвараш врати и ходници во моето минато
темно е
светлината се крие под перница
а јас сум снежно дете
не допирај ме со твоите меки раце ...
  386 
По навика
размислувам додека спијам
станувам рано
пред поздравот на сонцето
пишувам моќно ...
  332 
Гори свеќата во собата
што ме спасува од темнина
и ме потсетува дека сум сама
во студени ноќи
и некрстени денови. ...
  374 
Отвори ја книгата
внатре сум
го враќам назад времето
овде денот нема сестри близначки
и летам без страв за среќно живеење ...
  332 
Кога ме ослободија од кафез
ја пуштив месечината во бунар
и со две капки вода
ја изгасив својата жед.
Заспав под отворено небо ...
  312 
Не тагувај
за возот што доцни
за патување на кое нема да одиш
за места кои нема да ги видиш
за љубовта што нема да ја сретнеш ...
  1501 
Научи ме
да ставам живот во поезија
да градам мостови каде што треба
да ги ловам пеперутките
што ќе ми го покажат патот до виножитото ...
  283 
Еден ден годините ќе бидат само бројки
и ќе се раководиме по мојот часовник.
Сите зборови од мојата поезија
ќе ја пронајдат својата сродна душа.
Грижата ќе роди грижи ...
  302 
Јас сум остров без брег
тука истокот и западот
се сончаат на иста страна.
Во мојот двор
пролетта доаѓа со мирис на јоргован. ...
  247 
Не сакај ме напразно
денес мојата гордост
е на половина копје
со изгаснати ѕвезди
и минијатурни сонца ...
  305 
Ќе го премолчам вашиот лажен сјај.
Седите на мое место
светите со моја светлина,
а сепак не сте ѕвезди.
  434 
Таму каде одам
сосема малку зборувам
зад мене делата ѕвонат како камбани.
Следен пат кога ќе ме кршиш
нека биде тоа на ситни парчиња ...
  413 
Пукам во човечки мети
што сакаат да ме земат
во прегратката на злото
за да му служам на ѓаволот.
Пукам во човечки мети ...
  365 
Мислев ќе те сакам до смртта
и два-три чекори понатаму,
а се предадов на краток занес.
Сега кога ќе ги затворам очите
ја слушам својата мирна совест ...
  417 
Се раѓам еднаш во сто години
да си го славам името
да бидам посебна
да се огледуваат планините во моите очи
да спие сонот во сенката на долината ...
  511 
Создавам хоризонти
таму каде што ги нема
од песок, пепел и бисери.
Кога ме бараат
мене ветерот ме собира ...
  301 
После секое разочарување
почнувам нова битка за среќа
додека чуден ветер го населува
местото во кое живееме.
Во сон умирам ...
  369 
Еден ден ќе се сретнеме
со доза на сомнеж и неверување
и ќе го премолчиме нашето предавство.
Ќе го видиш моето уморно лице
од некој претходен живот ...
  330 
Propuestas
: ??:??