Ми се случи живот во темнина
темни очи во темна соба
најпосле темнината ме заведе
го оставив минатото да спие
во својата скршена колевка
последната голтка кафе
ја испив со сеќавањето на тебе
ова е живот во темнина
тука нема место за луѓе
родени под среќна ѕвезда.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados