Ми подарија едно од трите езера
за да се капам во сите годишни времиња,
а јас понесена од радости
ја заборавив книгата на плажата,
ако крадец не ја собере
ако сонце не ја изгори
песокот ќе ја изеде,
книгата во која е сиот мој живот
со неколку скинати страници.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados