Се враќам од патувања
со глава полна спомени.
Сега можам да спијам
во својата куќа без темел
во својата соба без покрив
да разговарам со ѕвезди
да населувам магла
во празните тефтери
додека песок и камења
се топат во моите раце.
Од патувања се враќам
со куфер полн сеќавања
и знам дека ова е само честичка
од моето патување
во животот и вечноста.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados