5 ene 2017, 18:03

Писмото на десетте прсти 

  Poesía » De amor
222 0 0

Имам само десeт прсти
и едно писмо, што отстојува
во фијоката на мојот живот,
затоа што немам црвена љубов во розов свет
ниту зелена надеж во сивото секојдневие,
ниту бела светлина,
што ќе ме донесе до тебе.
Немам патека, од каде да тргнам
ниту место каде ќе стигнам.
Имам само десет прсти
и едно писмо,
на кое му се навраќам по којзнае кој пат,
за да го пишувам, допишувам и препишувам.
За тебе и само за тебе.

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??