На житото му студи
и го повикува својот стопан да го собере.
Чинарот си старее
со чевлите в земја.
Славејот води празни полемики
со ведрото небо.
Ајде да си ја негираме љубовта
додека не нè здоболи првиот бакнеж.
© Sanja Atanasovska Все права защищены