Не плаши се од мене
дури и кога седам
во друштво на самовили
и угаснати ѕвезди.
Научив дека убавите луѓе
стареат убаво
а грдите секогаш и секаде
носат опасен отров со себе.
Не плаши се од мене
дури и кога се пазарам со смртта
за ден повеќе и година плус
не плаши се од мојата дрскост
што носи име на бура
затоа што јас сум феникс
горам вечно и од пепел се раѓам
таму каде за мене никој не знае.
© Sanja Atanasovska Все права защищены