21 февр. 2017 г., 15:05

Можевте да имате Име еден ден 

  Поэзия » Свободный стих
400 0 0

Можевте да имате Име еден ден

 

Можевте да имате Име еден ден

Име кое и дождовите во следните столетија ќе ви го плетеа

со своите дождовни нишки..

можевте и понатаму со месечината да танцувате.

можевте и со поглед

да ги премерувате далечините на реките и планините.

можевте секогаш да ги храните вашите внатрешни гласови

кои го будеа болскотот во вашите очи..

можевте и кога ноќта ќе пукаше

вие да ја сошиете..

можевте тајните во вашите очи да ги сторите видливи..

можевте пламено да глаголите

и во своето врело пијанство со блудници да се прегнувате

а никој да не ве плука..

можевте одеждите на Вечноста да ги носите..

Можевте и понатаму да бидете Поети

ама тргнавте по Славата..

и сега само кркорите неразбирливо..

Живи сте ама веќе не сте долги како Вечноста..

живеете сега во ноќта

со сув здив бараќи ја

повторно онаа пламена река која тече од кај Музите..

барате

повторно лачот на месечината да ве огрее..

ама ете,ве повлече маѓијата на лажните почести..

од овој стрмен камен ве гледам

 како веќе не сте поклоници на вистината..

можевте да бидете Поети

но паднавте во глобочините

и сега со сенки се дружите

напати на дланките гледате

исчекуваќи дека некаде таму

 ќе видете збор роден во занес..

не плачете сега што Музите заминаа далеку во пустината

да плачат за вашата смртност...

сега повторно сте  тоа што бевте кога се родивте

смртници

кои еден ден пепелта ќе препокрие се ваше..

па и вашите писанија

кои немаат веќе здив од Вечноста.

 

 

Никодин Чернодримски

© Никодин Чернодримски Все права защищены

Никодин Чернодримски-автор, който повече от 25 години пише поезия и проза, в досегашното творчество е създал повече от 80 творби, негови значими стихотворения могат да се надеват..Кукла на Съдбата, копеле на Съдбата, Мислите на един Ерегор, Бездомност, както и разказвачите дела, пред олтара на Съдбата, апостолите на дявола, Последно Молитва, затворите кутията на Пандора.

Комментарии
Пожалуйста, войдите в свой аккаунт, чтобы Вы могли прокомментировать и проголосовать.
Предложения
: ??:??