Носам дел од твојата судбина
Со звук на монети
ја кршам тишината
со нив може да се купи сиромаштија
и ништо повеќе.
Не продавам добрина на непознати
не мислам на љубов што не постои.
Таму каде живеам не минуваш често
и не треба да се случи враќање напразно
кога птиците одат на југ.
Носам дел од твојата судбина со себе
без твоја дозвола
и собирам ѕвезди за соѕвездие.
Хотите прочитать больше?
Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.
© Sanja Atanasovska Все права защищены