10 jun 2021, 12:46

Жал 

  Poesía
368 1 2

Го преместив здивот мој

во твојата воздишка.

 

Тоа беше крај на крајот

и почеток на почетокот.

 

Додека жалев за младоста

ми падна секирата во мед.

 

Кога се среќававме

колку ли љубов остана

во метар кубен воздух?

 

Жалам што ти забранив да молчиш

и што од грдото пајче

сакав да направам лебед.

 

 

© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados

Comentarios
Por favor, acceda con su perfil, para poder hacer comentarios y votar.
Propuestas
: ??:??