Ми велиш
окото ти е костен,
косата ти е свила,
душата ти е река која брза,
а јас не ти верувам. Се прашувам
дали камшикот и книгата
тапанот и флејтата
катранот и циметот
одат заедно
во иста песна?
Секако дека не
ова е лага
во која на кратко
сме избрале да веруваме.
Збирка поезија „Шафране мој“
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados