Си го знам јас моето лето
и молитвата на селаните за дожд
и поезијата што ги владее
сите притоки и реки.
Си ги знам јас
нарцисите во градината
што кокетираат со сонцето
и секој ден си ја менуваат верата
за да бидат еден со друг.
Ја знам јас
таа нивна молитва за љубов.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados