Ноќта е сиромашна
има само тивка музика.
Во секој втор дом се пали светло
и луѓето цртаат ангели на ѕидот.
Имаат книги
што им тонат
во прашина и пајажина.
Ти си мала буква
во секој мој стих
јас сум жена
што се крие
зад големината на метеорите.
На овие наши луѓе
децата им растат во кутија,
а цртежите со ангели на ѕидот
никој нема да ги вдоми
длабоко во себеси.
© Sanja Atanasovska Все права защищены