Еден ден ќе ме бараат
Еден ден ќе ме бараат
и нема да ме најдат
зборовите ќе бидат снегулки
под моите чевли
а сепак нема да го погазам
она за што пишував
сите тајни ќе бидат отворени
оние што ги раскажав
на погрешни луѓе
од прашина ќе направам
море полно надежи
ќе затворам очи
по своја волја
и бесплатно ќе сонувам
еден ден сите лаги
ќе бидат разобличени
луѓето ќе ги носат
како петна на своите души.
Хотите прочитать больше?
Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.
© Sanja Atanasovska Все права защищены