Јас, ти и таа
Јас денес конечно
видов малку сонце.
Ти се впушташ
во разговор со самодовербата
што ги покорува
сите во страв,
а таа купува време.
Сто пати ти реков
да не ме оставаш меѓу волци.
Очите ги позајмив
од една срна.
Јас, ти и таа,
делови сме од сложен живот,
и проста реченица
која со лепило ја составувам,
една рамка без слика,
една скршена илузија.
Хотите прочитать больше?
Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.
© Sanja Atanasovska Все права защищены