Слушам стара песна
поместувајќи се
меѓу две географски точки
и гледам како тиркизот
менува костуми во морето.
Својата муза ја фрлив
во пространство од воздух,
а потоа најдов логорски оган
каде може да се стопли.
© Sanja Atanasovska Все права защищены