песна за црните жени
Црнокосите го вртат светот
затоа што се најбројни
затоа што сакаат вистински
затоа што ѕвечкањето на нивните чевли
потсетува на годишните времиња
на Вивалди
црни жени во мракот непознати
нивниот шарм е доброчувана тајна
од илјада умови за нив се створени
илјада стихови
од нивните солзи се прават кристални вазни
црни жени со виткост на бели брези
луѓето се вртат по нив
а тие го вртат светот
околу оската на љубовта.
Хотите прочитать больше?
Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.
© Sanja Atanasovska Все права защищены