Вистинскиот пат
672
0
0
Гладна месечина
собира трошки
од нашата тајна вечера.
Најди го потеклото
на твојата упорност
ако се граничи
со мојата љубов
нашите души
лесни птици во раце на деца
тие се на вистинскиот пат.
Хотите прочитать больше?
Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.
© Sanja Atanasovska Все права защищены