25.04.2021 г., 21:26

Ананас од Тајланд

559 0 1

Земјата ми умира.

 

Ги губам подароците

качувајќи се

по твојата скалеста песна

со вкус на синап.

 

Капка дожд се сместува

во моето око

а ти го пиеш своето кафе.

На масата те гледаат

парчиња ананас од Тајланд.

 

Сакам да сум доволно далеку

да не можам

да ги допрам своите први чекори.

 

 

Искате да прочетете повече?

Присъединете се към нашата общност, за да получите пълен достъп до всички произведения и функции.

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари

Коментари