29.04.2025 г., 12:57

Еден од малкумина

268 0 0

Тој беше еден од многумина

и сакаше да го сакам,

дури ми носеше

полиња со афион.

Женственоста ми беше на штрек,

а во бакарната коса,

криев магнет што заведува.

Мечтаеше да го запреме

временскиот барометар

и сите калеидоскопи.

Тој беше еден од многумина,

а јас барав еден од малкумина.

Ми остана само вересија од љубов.

 

 

 

Искате да прочетете повече?

Присъединете се към нашата общност, за да получите пълен достъп до всички произведения и функции.

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари

Коментари