23.12.2018 г., 1:00 ч.

Избледена страст 

  Поезия » Любовна
453 1 1

Слушам ѕвона

од чекори на непознати патници

ќе се качам на тронот

без да бидам нечиј трофеј 

зад себе ќе ги оставам

сите продавачи на магла

што пропаѓаат во амбис

покриен со цвеќе што вене. 

 

Жалам за сите изгубени писма

што никогаш нема да стигнат 

на саканата дестинација. 

 

Се ближи јануари 

паѓа снег 

чувствувам ќе се разделиме

со немоќ достојна за презир

завеани во избледена страст. 

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари
Моля, влезте с профила си, за да може да коментирате и гласувате.
Предложения
: ??:??