29.01.2017 г., 15:38 ч.

Taжна сум 

  Поезия » Любовна
356 0 2

Тажна сум како црна облека

како празен излог,

како сиромашен човек

што не може да си купи внимание.

Тажна како запустена куќа и стреа,

како откорнат зумбул,

како песна со тажен крај,

како последно патување.

Тажна ти кажувам довидување

наместо збогум.

И така секој ден.

Тажна тагувам

за едно минато свршено време.

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари
Моля, влезте с профила си, за да може да коментирате и гласувате.
Предложения
: ??:??