5.01.2021 г., 17:17 ч.

Втора песна за Афродита 

  Поезия » Философска
165 0 0

 

Афродита

знам дека бесот те убива

во твоите сто квадрати самотија

и во себе ја криеш желбата

душите на сите измамници и латински љубовници

да ги затвориш во поштенското сандаче

меѓу старите шарени писма.

 

Афродита

ме тераш пак да ти се обраќам

и да пишувам долги песни

како плод на моето совршено незнаење.

 

Ќе те сместам

во наједноставната гатанка

ќе ти го покажам Балканот

меѓу дланките,

а ти заспиј со мислата за светска слава.

 

Афродита

твоето огледало има години

животот ти е тркало што се врти,

а да имаше машина за пишување

ќе беше твој совршен декор.

 

 

© Sanja Atanasovska Всички права запазени

Коментари
Моля, влезте с профила си, за да може да коментирате и гласувате.
Предложения
: ??:??