Минувам по туѓи виножита
си ја преселувам душата
во еден мал куфер
и заборавам на сите камења
што дошле од блиску
од оние кои се сомневаат
дека правилно ги редам коцките
во оваа животна игра.
Сонувам под туѓи неба
и слушам непознати гласови
додека ѕвездите
ми зборуваат на македонски.
© Sanja Atanasovska Todos los derechos reservados