Не давај ми многу добра одеднаш
ќе немам маратон за трчање
ќе се збунам пред самата себе
ќе се изгубам во огромен букет
од емоции, мисли и прашалници,
ќе дојдат сите бели пеперутки
и нема да знам со што да ги почестам.
Не давај ми многу добра одеднаш
не можеме сите да имаме сè,
и нека животот се реди постепено.
© Sanja Atanasovska Все права защищены