28 мар. 2018 г., 16:03

Порака во шише

546 1 0

Гледам танц на дожд и сонце

во мене се реинкарнира една тажна бајка

од минатото

за која другите не слушнале

еден ден

една приказна

еден живот

една вечност

а сепак кратка за сите нешта

што ги посакуваме

мислев нема да ти значам веќе

и ќе се разбудам во свет што нема бои

ако по мене не оставам ништо вредно

ќе бидам порака во шише

или грст стихови уловени во пајакови мрежи.

Хотите прочитать больше?

Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.

© Sanja Atanasovska Все права защищены

Комментарии

Комментарии