Ситни души
Стојам на високи потпетици
и ме поплавува матна вода,
а сепак облеката ми е сува.
Пресметливи материјалисти
сечат перчиња
од мојата и онака кратка коса.
Она што јас заборавам
перото ми памети.
Ситни души
со врвот на показалецот ве дробам
вашата празнина вас ќе ве проголта.
Хотите прочитать больше?
Присоединяйтесь к нашему сообществу, чтобы получить полный доступ ко всем произведениям и функциям.
© Sanja Atanasovska Все права защищены