На полноќ се разминувам
со стрелките на часовникот
и очајно молам
со острите краеви
да ја извадат сета наталожена болка
родена од неправда.
Утре е нов ден
ќе се разбудам со истото лице
со истите навики
и со старите предавства
кроени по мерка на моите луѓе.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени