Трајно те губам
засекогаш
меѓу два значајни празника
како што окото ја губи солзата
како што облакот растерува сноп светлина
додека ја прешкртувам својата изгубена младост
додека се губам во непотребни персирања.
Трајно те губам
засекогаш
ќе барам нови светови
убави места и убави луѓе.
Трајно те губам
изгуби ме и ти мене на патот кон дома.
© Sanja Atanasovska Всички права запазени