Feb 9, 2018, 6:01 PM

Ничија 

  Poetry » Love
332 0 1

Кога ќе го изгубам распоредот со денови

кога плажата ќе заспие со песок

врз трепките

твоите свадбари доаѓаат по мене

и ме наоѓаат мртва

во портрет закачен на ѕидот

смртта не дава да се пробудам

јас сум блиску до небото

во друштво на ангели

своја и ничија во некоја друга димензија.

 

© Sanja Atanasovska All rights reserved.

Comments
Please sign in with your account so you can comment and vote.
Random works
: ??:??